Во саботата (21.06.2025) во спортската сала “Наум Наумовски Борче” -ПАРТИЗАН, во Општина Карпош се одржа 2-от “ЕВРОПСКИ КУП ВО КИНЕСКО БОРЕЊЕ (SHUAI JIAO)” 2025 на кој улествуваа тимовите на Италија, Шпанија, Германија, Србија, Франција, Босна и Херцеговина, Унгарија и РС Македонија.
Технички организатор на 2-от “ЕВРОПСКИ КУП ВО КИНЕСКО БОРЕЊЕ (SHUAI JIAO)” 2025 беше Полицискиот спортски клуб за кинеско борење 7-ми МАЈ-ШУИ ЏИАО Скопје, соорганизатор беше Општина КАРПОШ, а покровител на натпреварот е Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски.
Од страна на г-нот Антонио Лангијано, Претседател на Европската унија Шуаи Џиао (ЕСЈУ) на Г-дин Стевчо Јакимовски, Градоначалник на Општина Карпош и на д-р Страшо Глигоров организационен директор им беа доделени специјални плакети како знак на благодарност, успех и придонес за организацијата на 2-от “ЕВРОПСКИ КУП ВО КИНЕСКО БОРЕЊЕ (SHUAI JIAO)” 2025.
На свеченото отварање присуствуваше и Патрик Поповски, раководител на сектор за поддршка и организација на работата на Советот и архивско – административни работи кој воедно и следеше дел од натпреварите.

МЕДАЛИСТИ НА 2 -ор “ЕВРОПСКИ КУП ВО КИНЕСКО БОРЕЊЕ (SHUAI JIAO)” 2025 Скопје
– 82 кг + 17 години
1. Пасциули Алессио – Италија
2. Игор Петрович – Босна и Херцеговина
90 кг + 18 години
1. Таири Реџеп – Македонија
2. Јан Соулат Франција
– 100 кг + 18 години
1. Зилагои Јерик – Унгарија
2. Ремест Никлас – Германија
3. Вицхман Даниел – Германија
+ 100 кг + 18 години
1. Дане Маријанович – Босна и Херцеговина
2. Свен Лау – Германија
– 100 кг + 17 години
1. Капелети Луца – Италија
2. Арјом Мељни – Македонија
3. Нгате Фаје Фаје – Шпанија
– 65 17 – 18 години
1. Миле Думиќ – Босна и Херцеговина
2. Петар Арсовски – Македонија
3. Берјаои Сами – Босна и Херцеговина
– 65 + 18 години
1. Куанеаук Стивен – Франција
2. Мартин Кузмановски – Македонија
3. Имрам Разак – 65 17 – 18 години
– 65 кг 17-18 години
1. Думик Михаило – Босна и Херцеговина
2. Арместо Галвез Џавиер – Шпанија
3. Тамијан Нилс – Германија
70 кг
1. Бабатшук Валдемар – Германија
2. Сангрегорио Самуеле – Италија
3. Милисав Матеј – Босна и Херцеговина
– 56 кг отворена
1. Симоне Салваторе – Италија
2. Бајрам Елвир – Македонија
3. Роригуез Меигиде Јавиер – Шпанија
ЖЕНИ:
52 кг 17-18 години
1. Леа Вујашин – Босна и Херцеговина
2. Шродер Нели – Босна и Херцеговина
3. Гонзалез Диегуез Јоланда – Шпанија
65 кг отворена
1. Палич Марија – Босна и Херцеговина
2. Матавуљ Ана – Србија
ЕКИПЕН ПЛАСМАН:
1. Босна и Херцеговона
2. Италија
3. Македонија