ОДРЖАНА НАЦИОНАЛНАТА ОБУКА ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ВОДНИ ТОКОВИ
- јуни 10, 2025
- 0
Центарот за ресурси во животна средина (РЕЦ) – Северна Македонија во соработка со Општина Карпош и Општина Зелениково, денеска одржаа национална обука на тема „Управување со водни текови и протокол за визуелна проценка на водотеците (СВАП методологија)“. Едукативната обука се одржа на Универзитет Скопје каде стручните лица дискутира со јавноста за управување со водните текови, потенцијалните ризици, предизвици и решенија. Во рамките на обуката се одржа и предавање за СВАП Методологијата и за предизвиците со кои се среќаваат општините но и решенијата кои се спроведуваат за подобро управување на водотеците.
Во таа насока учесниците ќе ја посетат и Микробиолошката лабораторија при ЈП „Водовод и канализација“ каде ќе имаат предавање на обуката на тема Квалитет на водата и водоснабдувањето со цел да ја информираат јавноста за оваа проблематика. Работилницата финишираше со показна вежба покрај кејот на реката Вардар каде учесниците имаа можност да направат проценка на квалитетот на водата на реката Вардар користејќи ја оваа методологија.
Инаку, националната обука се оддржува во рамките на проектот „Брза проценка на водотеците на Западен Балкан“ финансиран од US Forestry Service (USFS) Шумарската служба на САД, фокусирајќи се на главната тематика за управување со водни текови во двете македонски општини. Партнери во овој Проект се Здруженија за заштита на животната средина од Босна, Албанија, Црна Гора и Косово, Општина Карпош и Општина Зелениково. Целта на овој проект е да се забележат и евалуираат проблемите со управувањето со водите во регионот на Западен Балкан, како и да се истакнат можните начини на соработка за решавање и ублажување на некои од предизвиците со кои се соочува управувањето со водите во регионот.