Во рамки на ООУ „Братство“ денеска беше пуштена во употреба првата ИТ – училница, која е опремена со 28 нови комјутерски конфигурации. Инаку, со помош на локалната самоуправа ќе бидат отворени вакви специјализирани кабинети и во останатите основни училишта на територија на Карпош. Училниците се наменети за потребите на основците, кои во рамки на образовната настава го изучуваат предметот Техничко образование и информатика.

 

               За оваа намена, Општината преку Одделението за образование издвои од својот буџет финансиски средства во висина од 5.500.000 денари. Покрај информатичките кабинети, сите основни училишта во Карпош во своите училници располагаат со смарт – панели (смарт – табли), од каде наставата се одвива според високите едукативни стандарди. По тој повод денеска, градоначалникот Стевчо Јакимовски направи обиколка на ООУ „Братство“, од каде присуствуваше на училишниот час на кој наставата се одвива со помош на новите електронска опрема.

 

  • Во сите основни училишта на територија на општина Карпош, обезведивме по една компјутерска сала, значи по 30 компјутери за учениците каде се одвива наставата од 6-то до 9-то одделение. Во исто време, секаде да има и смарт панел, на најсовремен можен начин да се одвива наставата по компјутерско образование. За ова издвоивме 5,5 милиони денари за во сите десет училишта да имаме по една компјутерска сала. Набавивме вкупно 254 компјутери и по еден смарт панел за секоја компјутерска сала. Тоа значи дека од септември, сите ученици од Карпош ќе ја започнат новата учебна година со комплетно нова опрема и нов начин на водење на наставата – истакна Јакимовски.