ООУ „Петар Поп Арсов“ е шампион на Малите олимписки игри за основни училишта „Кочани – Делчево 2025“!
- мај 14, 2025
- 0
Денес, во спортската сала на ООУ „Никола Карев“ – Кочани, во организација на Федерацијата на училишен спорт на Македонија, се одиграа полуфиналните и финалните натпревари во футсал, каде нашите ученици покажаа тимски дух, спортски жар и извонредна игра!
Во полуфиналето, убедливо ја совладавaa екипата на домаќинот со резултат 2:6, а во возбудливото финале против ООУ „Тодор Ангелески“ – Битола, успеаa да триумфираaт со резултат 1:0 и ја понесоа шампионската титула!
Честитки за нашите млади шампиони и голема благодарност до наставниците и поддржувачите!