Градоначалникот на општина Карпош Стевчо Јакимовски денеска официјално ја промовираше новата домашна инвестиција во општината, Интернационалното училиште ,,Вингс”. Во рамки на интернационалното училиште од септември минатата година функционира градинка, а во тек се уписи за ученици во прво и второ одделение за следната учебна година.

-Морам да ви кажам дека сум фасциниран од ова училиште и градинка. Направено е нешто многу квалитетно, многу квалитетна инвестиција и особено ми е драго што тоа се случува на ниво на општина Карпош. Посебно ми е драго што ќе се видат техничките решенија кои што го подобруваат амбиенатлниот воздух за децата кои што престојуваат во градинките и во училиштата. Топло им препорачувам на граѓаните да дојдат, да ја видат оваа градинка и училиште, и да го направат најдобриот избор – рече Јакимовски.

Училиштето е сместено во објектот на поранешен хотел Гранит, на улица Миле Поп Јорданов бр.44, а оттаму велат дека за децата се обезбедени најдобри амбиентални услови, односно целиот внатрешен простор е опремен со високо ефикасен систем за филтрација на воздух со ХЕПА филтер, што претставува единствена образовна институција во Македонија која има инсталирано ваков тип прочистувачи.

– Освен што имаме програма за најмалите дечиња, од оваа година се прошируваме и за децата за основно и средно образование. Капацитетот на градинката е 93 деца, распределени во пет возрасни групи. Располагаме со кампус кој е безбеден за деца за сите возрасти. Сите училници опремени се со природна светлина, со високо квалитетен систем за филтрација на воздухот. Во ,,Вингс”, веруваме дека учењето  треба да биде повеќе отколку учење на памет и се стремиме кон истото да го постигнеме –вели Наташа Димитровска, Директорка на Интернационална градинка Вингс

Влатко Китановски, кој е дел од тимот на кој што е работено на воспоставување на инфраструктурата, истакна дека ,,Вингс” е најдоброто училиште во Македонија и образложи зошто е тоа така.

-Во поглед на програмата, на суштината и на емотивниот развој, Вингс е едно од најдобрите, ако не и најдоброто училиште во државава. Во ова училиште обезбеден е пред се сигурен престој, здрава околина за децата кои ќе учат кај нас. Се порудивме да ги обезбедиме светските стандарди не само на филтрација на воздухот туку отфрлање на постојниот воздух и уфрлање на нов. Доколку имаме зголемена концентрација на карбон-диоксид концентрираноста на децата значително се намалуваат, па така ние сме единствената градина и училиште во државата кои што го има решено проблемот без отварање прозорци, а да има доволна количина на свеж и квалитетен воздух – заврши Китановски.

На отоврениот ден на Интернационалната градинка и училиште ,,Вингс”, заинтересираните родители имаа можност да се запознаат со можностите и условите кои ги нуди овој современ објект.