Во текот на денешниот ден продолжи акцијата за подигање на  на стари отпадни ( хаварисани) возила согласно Закон за управување со дополнителни текови на отпад, во соработка со Колективниот постапувач со кој Општина Карпош има склучено договор за соработка.

Подигњето се изврши на територија на УЗ КЈП и ПБК на возила без регистарски таблички кај кои рокот од 10 дена од залепена налепница за дислокација на истото е изминат.
Повторно АПЕЛИРАМЕ до сите граѓани кои поседуваат таков тип на возило и на кое веќе е залепена налепница и е спроведена  инспекциска постапка од страна на инспекциските служби, да ги отстранат своите возила, во спротивно истите ќе бидат остранети на нивен трошок. Возилата ќе бидат транспортирани во собирен центар – депо, каде што ќе бидат оставени 7 дена а потоа ќе бидат однесени на рециклирање.
Акцијата продолжува до конечно подигање на сите отпадни возила на територија на Општина Карпош.