ВО КАРПОШ ЌЕ СЕ ОТВОРА СОБИРЕН ЦЕНТАР ЗА ОТПАДНИ ГУМИ
- март 11, 2025
- 0
Секторот Инспекторат и градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, денеска склучија договор за деловна соработка и користење на опрема со Друштво за управување со отпадни гуми “Гуматек” ДОО Скопје, кој што е колективен постапувач – правно лице и поседува дозвола за постапување со гуми и отпадни гуми.
Во текот на наредните денови ќе биде поставен контејнер во собирен центар на отпадни гуми, кој што ќе биде лоциран во близина на Спортската сала “Борис Трајковски”. Собирниот центар ќе биде видливо означен, и секој граѓанин ќе може да остави поголема количина на отпадни гуми во контејнерот како и службите на Општина Карпош со соодветна акција ќе ги одложуваат собраните отпадни гуми на таа локација а колективниот постапувач во рок од 5 работни дена од денот на прием на известувањето е должен да ги превземе отпадните гуми.
Во втора фаза ќе биде поставено собирно место, чија што локација дополнително ќе биде определена, каде што секој граѓанин кој што има мала количина на отпадни гуми, ќе може истите да ги закачи на соодветно поставена опрема, и колективниот постапувач ќе ги превземе откако опремата ќе се наполни или по барање на Сектор Инспекторат.
АПЕЛИРАМЕ до сите граѓани кои поседуваат отпадни гуми да ги одложат на соодветно поставените места без никаков надомест.
За сите дополнителни информации контактирајте не на 02-3055-901 – Богданка Милошевиќ Мучева, раководител на сектор и Гордана Максимовска – Општински инспектор за животна средина