ПОКАНА ЗА СЕДНИЦА НА СОВЕТ НА ОПШТИНА КАРПОШ
- март 10, 2025
- 0
Се свикува шеесет и втора седница на Советот на Општина Карпош за 13 март 2025 година (четврток), со почеток во 10.00 часот.
Седницата на Советот ќе се одржи во просториите на Универзитетот за туризам и менаџмент Скопје.
За седницата се предлага следниот
ДНЕВЕН РЕД
- Усвојување записник од 51. седница
- Усвојување записник од 54. седница
- Усвојување записник од 55. Седница
- Усвојување записник од 56. седница
- Усвојување записник од 57. Седница
- Усвојување записник од 58. седница
- Усвојување записник од 59. седница
- Предлог – Заклучок за усвојување на Годишен Извештај за работата на ЕВР „Карпош“-Полициска станица од општа надлежност Карпош за 2024 година
- Предлог – Годишен извештај за извршување на Буџетот на Општина Карпош за 2024 година и годишна сметка на Буџетот на Општина Карпош за 2024 година
- Предлог – Завршна сметка на буџетот на Општина Карпош за 2024 година
- Предлог-Решение за изменување и дополнување на Годишниот план за вработување за 2025 година во Општина Карпош – Скопје
- Предлог – Одлука за утврдување на Нацрт Измена и дополна на Детален урбанистички план за градска четврт ЦС 15, Блок 02, Општина Карпош – Скопје
- Предлог – Одлука за донесување на Детален урбанистички план за Градска четврт З 08, (бул. Илинден, ул. Франклин Рузвелт, бул. Партизански Одреди и бул. 8 ми Септември) Општина Карпош – Скопје
- Предлог – Заклучок за задолжување на Секторот за урбанизам
- Предлог – Одлука за донесување на Детален урбанистички план за градска четврт Ј02, потег помеѓу Жданец и Нерези, локалитети А,Б,В, Општина Карпош – Скопје
- Предлог – Одлука за донесување на Техничка исправка за ГП22 од ДУП за потег меѓу Жданец и Нерези, Блок А (Одлука бр. 07-1263/1 од 23.04.2008 година
- Предлог – Одлука за утврдување на вклопување на бесправен објект изграден на КПбр.660/5 КО Долно Водно во урбанистичко-планска документација заради усогласување на намената на бесправниот објект со намената на земјиштето
- Предлог – Одлука за утврдување на вклопување на бесправен објект изграден на КПбр.646/40 КО Долно Водно во урбанистичко-планска документација заради усогласување на намената на бесправниот објект со намената на земјиштето
- Предлог – Одлука за утврдување на вклопување на бесправен објект изграден на КПбр.1972/2, КП 1968/5 и КП 1972/9 КО Нерези во урбанистичко-планска документација заради усогласување на намената на бесправниот објект со намената на земјиштето
- Предлог – Одлука за утврдување на вклопување на бесправен објект изграден на КПбр.1132/2, КП 1132/4-дел и КП 3384-дел КО Нерези во урбанистичко-планска документација заради усогласување на намената на бесправниот објект со намената на земјиштето
- Предлог – Одлука за донесување на Урбанистички проект со план за парцелација за формирање на нови градежни парцели од ГП 05.01 од ДУП населба Злокуќани опфат “А” со намена В2 – здравство, КО Злокуќани, Општина Карпош, поднесено од БИЛД УРБАН ДООЕЛ Скопје
- Предлог – Одлука за усвојување на Локален еколошки акционен план (ЛЕАП-3) за период 2025-2030 година на Општина Карпош
- Предлог – Одлука за започнување на постапка за доделување на договор за воспоставување на јавно приватно партнерство за давање на услуги на јавно осветлување во Општина Карпош
- Предлог – Програма за изменување и дополнување на Програмата за активностите на Општина Карпош во областа на детската, социјалната и здравствената заштита за 2025 година
- Предлог-Решение за давање согласност на Одлуката за формирање на Комисијата за прием на деца над капацитет и утврдување на критериумите за прием на деца над капацитет во Јавната установа општинска детска градинка „Мајски Цвет“ Карпош-Скопје
- Предлог-Решение за давање согласност на Одлуката за формирање на Комисијата за прием на деца над капацитет и утврдување на критериумите за прием на деца над капацитет во Јавната установа општинска детска градинка „Орце Николов“, Општина Карпош-Скопје
- Предлог-Решение за давање согласност на Одлуката за формирање на Комисијата за прием на деца над капацитет и утврдување на критериумите за прием на деца над капацитет во Јавната установа општинска детска градинка „Пролет“, Општина Карпош-Скопје
- Предлог-Решение за давање согласност на Одлуката за формирање на Комисијата за прием на деца над капацитет и утврдување на критериумите за прием на деца над капацитет во Јавната установа општинска детска градинка „Распеана Младост“, Општина Карпош-Скопје
- Предлог–Решение за давање согласност на Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за систематизација на работните места во ООУ „Христијан Тодоровски Карпош“ Карпош-Скопје
- Предлог – Решение за измена на Годишниот план за вработување за 2025 година на општинското основно училиште „Вера Циривири-Трена“ Општина Карпош-Скопје
- Предлог – Решение за измена на Годишниот план за вработување за 2025 година на општинското основно училиште „Војдан Чернодрински“ Општина Карпош-Скопје
- Предлог – Одлука за oдобрување на финансиски средства на Центар за поддршка на лица со попреченост „ПРКОС“
- Предлог – Одлука за одобрување финансиски средства за опожарен дуќан – опожарени стоки (текстил)
- Предлог – Одлука за одобрување финансиски средства за опожарен стан
- Предлог–Одлука за одобрување финансиски средства како помош за санација на опожарено возило
- Предлог–Одлука за одобрување финансиски средства како помош за санација на опожарено возило
- Предлог – Одлука за прифаќање донација од Друштво за производство, трговија и услуги КАРА ДООЕЛ Скопје
- Предлог – Одлука за прифаќање донација од Канцеларија на обединети нации за проектни услуги УНОПС