Подигање на стари отпадни ( хаварисани) возила
- февруари 18, 2025
- 0
Во текот на денешниот ден ќе се изврши подигање на стари отпадни ( хаварисани) возила согласно Закон за управување со дополнителни текови на отпад, во соработка со Колективниот постапувач со кој Општина Карпош има склучено договор за соработка.
Подигњето ќе се изврши на територија на УЗ Карпош 3 и УЗ Карпош 4. Првенствено ќе се почне со подигање на отпадни возила без регистарски таблички а по истекот на рокот даден со Решение за опомена, ќе се пристапи кон подигање на останатите возила. Акцијата продолжува во урбаните заедници Влае 1 и Влае 2.
Повторно АПЕЛИРАМЕ до сите граѓани кои поседуваат таков тип на возило и на кое веќе е залепена налепница и е спроведена инспекциска постапка од страна на инспекциските служби, да ги отстранат своите возила, во спротивно истите ќе бидат остранети на нивен трошок. Возилата ќе бидат транспортирани во собирен центар – депо, каде што ќе бидат оставени 7 дена а потоа ќе бидат однесени на рециклирање.