ЈАВЕН ПОВИК за реализација на програмските активности од годишната Програма од областа на еднаквите можности меѓу жените и мажите во Општина Карпош за 2025 година

 

  1. Со цел реализација на активностите од годишната Програма од областа на еднаквите можности меѓу жените и мажите во Општина Карпош за 2025 година, Комисијата за реализација на програмските активности распишува Јавен повик.

 

  1. Програмата од областа на еднаквите можности меѓу жените и мажите од Општина Карпош за 2025 година ги предвидува следниве области за реализирање на програмските активности:

 

  • Унапредување на здравјето на жените во висина до 200.000,00 денари:
  • Проекти за психо-социјална помош и поддршка за рехабилитација на жени кои се лекуваат од канцер, активности за јакнење на самодоверба, мотивација и емоционално зајакување, и друго.
    • Превенција и советување за спречување на семејното насилство и помош на жртви од семејно насилство во висина до 300.000,00 денари:
  • Проекти за подигање на свеста за спречување на семејното насилство, поддршка на жртви на семејно насилство, поддршка на Шелтер центри и друго.
    • Промоција и унапредување на еднаквоста и превенција од дискриминација во висина до 100.000,00 денари:
  • Проекти за спречување и заштита од дискриминација врз основ на пол, род, сексуална определба, родов идентитет и друго.
    • Подигање на дигиталната способност кај лицата од трета доба во висина до 600.000,00 денари:
  • Проекти за обуки на стари лица за поголема дигитална писменост, користење на интернет, смарт телефони, дигитални платформи, социјални мрежи, електронско банкарство и друго.
    • Одржливост на локалната канцеларија за родителство во висина до 150.000,00 денари:
  • Проекти за одржување на локалната канцеларија за родителство, обуки на стручни служби за фасилитатори за родителство, стручна помош и поддршка на родители на деца од училишна возраст и друго
    • Фитнес за жени во висина до 150.000,00 денари:
  • Проекти за спроведување на бесплатни часови по фитнес, самоодбрана, јога, пилатес, зумба и други спортски техники
    • Поддршка на Локалниот совет за женско претприемништво во висина до 200.000,00 денари:
  • Проекти за изработка на регистар на жени претприемачи од општина Карпош, изработка на веб страна, настани и активности за промоција и поддршка на женското претприемништво и друго.

 

  1. Вкупната предвидена финансиска рамка за реализација на сите седум програмските активности е во износ од 1.700.000.00 денари и истата е предвидена во Буџетот на Општина Карпош за 2025 година.

 

4. Финансиската поддршка ќе се додели врз основа на постапка по јавен повик за избор на реализатори на проекти од областа на еднаквите можности меѓу жените и мажите во Општина Карпош, објавен на општинската страна karpos.gov.mk.

 

  1. Постапката за избор на реализатори на проекти ќе ја спроведе Комисија формирана од страна на Градоначалникот на Општина Карпош. Комисијата е составена од три члена, од кој едниот е координатор за еднакви можности, а двајца се од општинската администрација.

 

  1. Право на учество на повикот за реализација на програмски активности од областите кои се предвидени во Програмата за еднакви можности меѓу жените и мажите за 2025 година  имаат сите заинтересирани правни и физички лица од државата кои се занимаваат со активности и проекти од јавен карактер, посебно од областа на еднаквите можности.

Заинтересираните физички и правни лица треба да ги достават следниве документи:

– предлог проект

– статут и решение за регистрација на Здружението на граѓани

– референтна листа за изработени проекти (искуство со проекти во локална самоуправа ќе се смета за предност).

 

  1. Јавниот повик се објавува во електронска форма на веб страната на Општина Карпош.

 

Начин на пријавување: Заинтересираните можат да ги поднесат потребните документи до архивата на Општина Карпош во затворен плик со назнака НЕ ОТВАРАЈ.

Некомплетната документација нема да биде разгледувана.

Адреса: Општина Карпош, улица Радика бр.9, бараки број 1 и број 2.

     Јавниот повик трае 30 дена од денот на објавување.

 

 

 

 

Комисија за реализација на

Програма за еднакви можности меѓу жените и мажите