ПОКАНА ЗА СЕДНИЦА НА СОВЕТ НА ОПШТИНА КАРПОШ
- ноември 26, 2024
- 0
На 02 декември 2024 (понеделник) со почеток во 09.00 часот ќе се оддржи педесет и седмата седница на Советот на Општина Карпош.
Седницата на Советот ќе се одржи во просториите на Универзитетот за туризам и менаџмент Скопје.
За седницата се предлага следниот
ДНЕВЕН РЕД
- Предлог – Записник од 48. седница на Советот на Општина Карпош
- Предлог – Записник од 49. седница на Советот на Општина Карпош
- Предлог – Записник од 50. седница на Советот на Општина Карпош
- Предлог – Записник од 52 седница на Советот на Општина Карпош
- Предлог – Записник од 53 седница на Советот на Општина Карпош
- Предлог – Одлука за давање согласност за закуп на магацински простор во сопственост на ДПТУ „Лапласт-М“ ДООЕЛ, за 2025 година
- Предлог – Одлука за давање согласност за закуп на деловен простор на улица „Букурешка“ бр. 2, локал 2, Општина Карпош – Скопје, за 2025 година
- Предлог – Одлука за давање на времено користење без надоместок дел од недвижна ствар, сопственост на Општина Карпош
- Предлог – Одлука за одобрување на средства на заслужен граѓанин за 2025 година
- Предлог – Програма за одбележување на 49-годишнината од формирањето на Општина Карпош
- Предлог – Програма за активностите на Општина Карпош во областа на месната самоуправа за 2025 година
- Предлог – Програма за активностите на Општина Карпош во областа на односите со јавноста и информации на граѓаните за 2025 година
- Предлог – Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за формирање – конституирање Локален Совет за женско претприемништво на Општина Карпош
- Предлог – Одлука за одобрување финансиски средства како помош за санација на опожарена куќа
- Предлог – Решение за именување на претседател и членови на Комисијата за изработка на Програмата за работа на Советот за 2025 година
- Предлог – Решение за изменување и дополнување на Решението за разрешување и именување член во Управниот одбор на Јавната установа општинска детска градинка „Распеана Младост“, Општина Карпош-Скопје
- Предлог – Правилник за методологија за утврдување на критериуми за распределба на блок дотацијата наменета за Јавните установи општински детски градинки на подрачјето на Општина Карпош за 2025 година
- Предлог – Правилник за методологија за утврдување на критериуми за распределба на блок дотацијата наменета за општинските основни училишта на подрачјето на Општина Карпош за 2025 година
- Предлог – Решение за изменување и дополнување на Годишниот план за вработување за 2025 година на општинското основно училиште „Владо Тасевски“, Општина Карпош – Скопје