Во рамки на јубилејното Карпошово културно лето, на плоштадот ,,Делфина”,вчера се одржа втората вечер.

Сцената заблеска со настапот на Филип Шурбевски со квартетот ,,Езгија”, а со звуците на чалгиската музика, присутните карпошани се расположија. Веднаш по нив, младиот талентиран Христијан Проданов, ја разигра публиката со изведба на познати поп хитови. Како за крај на вечерта, бендот ,,Вертиго”, кој допрва ќе се докажуваат на музичката сцена, пријатно ги изненадија присутните граѓани со нивниот свирачки и вокален талент.

Оваа вечер, на Карпошовото културно лето, љубителите на уметничките дела, ќе може да ја погледнат изложбата на Елена Галика и Жане Шумковска, под наслов ,,Карпошово лето во бои”, а веднаш по нив ќе настапи познатата македонска група ,,Силви Бенд”.