Денеска се реализирање завршната фаза од целосната реконструкција на вториот дел од улицата Козле 3 во урбаната заедница Нерези. Оваа сообраќајница е во должина од 300 метри должина и пет метри ширина, а од буџетот на Општина Карпош, издвоени се 3.311.670,12 денари. Изведувач на градежните работи е Друштвото за градежништво, трговија и услуги, ,,Гама Градба” ДООЕЛ Скопје.

                Во изминатиот период, локалната самоуправа издвои финансиски средства за асфалтирање и обновување на неколку краци од улици како и поголеми сообраќајници, со цел граѓаните на Карпош, да се движат по безбедни и реконструирани улици.