Во весела и разиграна атмосфера, денеска во дворот на ООУ ,,Аврам Писевски”, се одбележаа 38 години од самостојното постоење на училиштето. Под мотото ,,Под едно сонце растеме, учиме, твориме”, детскиот хор ја отвори оваа манифестација со изведба на училишната химна. Веднаш потоа, талентирани ученици изведоа музички точки, драмски изведби, а денешната манифестација дополнително ја збогатија младите бардовчани со извонреден музички перформанс.

                На празничниот настан присуствуваше и градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, кој со задоволство ја следеше приредбата и кој рече дека во ова училиште одамна се преземени голем број на градежни активности.

                – Општината во ова училиште инвестирала финансиски средства, па така во 2012 година беше реконструиран покривот, се поставуваше нова фасада, како и промена на прозорци, реконструкција на тоалети и сите училници и подови. По 12 години го варосувавме училиштето со антибактериски бои. Во спортската сала е заменето осветлувањето, а променети  се и старите прозорци со нови ПВЦ прозорци. Континуирано работиме и вложуваме во ова место –рече првиот човек на Општината кој апелираше пред се до ромската популација , да ги запишуваат децата во прво одделение, бидејќи во ова училиште се бележи мал процент кои се ученици.

                Во оваа пригода, пред присутните се обрати и Директорката на училиштето, Кристина Андриќ Стојановска, која истакна дека е премногу среќна што успешно веќе 38 години самостојно чекори ова училиште.

Имаме се поголеми успеси во нашето училиште, особено последните пет-шест години. Што се однесува на просторните капацитети, односно имаме 15 училници каде што одржуваме настава на учениците од прво до деветто одделение и сосема е доволно. Имаме 250 ученици и работиме само во една смена. Можеме да се пофалиме со досегашниот труд, а се стремиме да бидеме уште подобри и поуспешни –  истакна Директорката Андриќ Стојановска.