Во просториите на Универзитетот Скопје денеска се одржа 47. седница на Советот, во чии рамки се разгледуваше единствената точка на дневниот ред која се најде пред советниците од Општина Карпош. Станува збор за Кварталниот извештај за извршување на Буџетот на на Општина Карпош кој се однесува на првиот квартал за 2024 година, односно за тримесечјето од 1. јануари до 31. март.

 

Според податоците од Извештајот, во колоната за Планирање се содржани  вкупните приходи кои се планирани со Буџетот за 2024 година  во износ од 1.278.390.000 денари, додека пак во колоната за Реализација се прикажани реализираните приходи за првиот квартал, во износ од 329.721.124 денари. Оттука, во општинскиот Буџет се планирани приходите во износ од  586.338.000 денари, при што за првиот квартал е остварена реализација на приходите во висина од  169.796.047 денари.

 

Притоа се бележат приходи на конто 711 односно Данок од доход од добивка и капитални добивки, (каде влегува данок од плати и други примања на правни и физички лица) при што се добиени вкупни средства во износ од 8.248.486 денари. Исто така, прокнижени се и приходи на конто 713 Даноци на имот поточно, (даноци на недвижен имот, на наследство и подарок, на промет на недвижности и права, како и казни и камати за доцнење во плаќање на даноци од имот) од каде се добиени вкупни средства во износ од 46.468.765 денари.

 

Приходи во вкупен износ од 100.658.436 денари доаѓаат на контото 717  поточно  од Даноци на специфични услуги, каде спаѓаат комунални такси за истакнување на фирми, за регистрација на возила, потоа за јавно осветлување,  како и надомест за уредување на градежно земјиште и други комунални такси.