КОМИСИЈАТА ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СУБВЕНЦИИ ЗА ПОСЕТУВАЊЕ НА ОБУКИ ЗА ПОЛАГАЊЕ НА ВОЗАЧКИ ИСПИТ ЌЕ ПРОДОЛЖИ СО РАБОТА ПО ЗАВРШУВАЊЕ НА ИЗБОРИТЕ
- април 4, 2024
- 0
Општина Карпош ги информира граѓаните кои аплицирале или ќе аплицираат на Јавниот повик за „Субвенционирање на млади лица за посетување на обуки за теоретски и практичен дел за полагање на возачка дозвола Б категорија”, дека Комисијата за доделување на субвенции за оваа намена, нема да одржува комисии додека трае изборната кампања, поточно од 04.04.2024 до 08.05.2024 година, согласно Законот за спречување на корупција на РСМ.
Граѓаните кои се заинтересирани за аплицирање, ќе можат непречено да ја доставуваат целокупната документација во архивата на Општина Карпош. По завршување на изборниот процес Комисијата ќе продолжи со работа и разгледување на предметите.