Во организација на Општина Карпош и ШК Гамбит Ассеко СЕЕ, на 24.03.2024 (недела), со почеток во 10.30 часот, ќе се одржи викенд шаховски турнир „Карпош рапид 2024 “ во хотелот “Александар Палас” во Скопје. Играчите за турнирот може да се пријават најдоцна до недела 24.03.2024 година до 10:00 часот. Потврдувањето на присуството на турнирот ќе започне од 9:00 и ќе трае до 10:00 (Се молат играчите без ФИДЕ код да се пријават најмалку еден ден порано со уплатница од 300 денари согласно важечка одлука на ШФМ). Инаку, Општина Карпош го подржува овој шаховски турнир со фонд од 150 000 денари. Турнирот е од отворен карактер и може да се пријави секој заинтересиран шахист без оглед категорија, титула или место на живеење.