Започнувајќи од 12 февруари па се до исцрпување на средствата за кастрација и стерилизација на бездомни мачки, локалната самоуправа финансиски ја поддржува оваа акција која ќе се спроведе на територија на Општината. Ветеринарната амбуланта Др. Виктор Груев ДВМ ДР. Јасминка ван дер Филер ДВМ, во соработка со ЗЗЖ Феникс петс Скопје, ќе вршат бесплатна стерилизација и кастрација на бездомни мачки, а предвидено е оваа акција да се изврши на околу 150 мачки.

               Сите заинтересирани граѓани, кои се грижат за бездомните мачки, можат да добијат повеќе информации и да закажат термин на телефонскиот број 078/372-003 или во порака на  фејсбук страната на ветеринарната амбуланта.