Осмoодделенецот Никола Радоњанин од ООУ „Лазо Трповски“ го освои првото место на Државното првенство за основни училишта во шах (во категорија за ученици од шесто до деветто одделение), кое се одржа на 22 декември  во Охрид.

Организатор на првенството е Федерацијата на училишни спортови на Македонија, а Никола согласно пропозициите, беше предводен од менторот Стефан Симовски.

Инаку, Никола Радоњанин годинава успешно учествуваше на неколку  шаховски турнири, и тоа: на Отвореното градско првенство за млади во шах (до 18 години) во Куманово, на кое го освои првото место во категорија 14 години, на Меѓународниот шаховски фестивал „Езерска кралица“ во Охрид на кое се закити со прво место во категорија 14 години, на Младинскиот шаховски турнир Наум Наумовски – Борче што се одржа во Скопје и го освои третото место во категорија 14 години, а исто така имаше висок пласман на турнирот Скопје опен -Балкан опен Б.