По повод започнување на активностите за целосна реконструкција на улицата „Калош Дани“ која се наоѓа во населбата Момин Поток, денеска градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска и градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски направија увид во градежните работи на теренот кои се одвиваат на оваа локација.

Станува збор за коловоз во должина од 2 километри и широчина од 4 до 6 метри, кој ќе биде реконструиран преку меѓуопштинска соработка за која се договорија овие две институции. Во таа насока, Град Скопје ќе инвестира 13.413.467 денари, додека пак Општина Карпош зема обрска да ги решава можните имотно – правни спорови. Инаку, оваа иницијатива беше поттикната од јавниот интерес на жителите од овој реон, особено имајќи го предвид фактот дека со изградбата на клучката Момин Поток и кружниот тек, значително ќе биде олеснето движењето на тој потег.