Комисијата за објавување на Јавниот повик за доделување на финансиска поддршка (субвенции) за поправка и санација на кровни покривачи на станбени згради за колективно домување, како и за замена на азбестни покриви на индивидуални станбени објекти (куќи), ги информира карпошани дека поради исцрпените финансиски средства  за гореспоменатата намена кои ги предвидува Општина Карпош од својот Буџет за 2023 година, нема да се примаат нови апликации, додека пак тие што се во постапка си продолжуваат согласно соодветниот правилник. Во случајов, станува збор за Јавниот повик број 11-2498/2 од 29.03.2023 година и за Правилникот за условите и критериумите, видот и начинот на финансиска поддршка за таа намена бр. 09-1812/8 од 14.03.2023 година.

Исто така, Комисијата за објавување на Јавен повик и спроведување на постапка за доделување на финансиска поддршка, за поправка и санација на постоечки лифтови, како и поставување на нови лифтови на станбени згради за колективно домување, ја информира јавноста дека нема да прима нови апликации од граѓаните, од причина што се исцрпени финансиските средства кои беа предвидени во Буџетот на Општина Карпош за 2023 година. Имено, поради исцрпување на финансиските средства за таа намена, Општината ги информира граѓаните на Карпош дека нема да се примаат нови апликации, додека пак тие што се во постапка ќе си продолжат согласно соодветниот правилник. Станува збор за Јавниот повик број 11-2499/2 од 29.03.2023 година и за Правилникот за условите и критериумите, видот и начинот на финансиска поддршка за таа намена бр. 09-1812/9 0д 14.03.2023 година.