Вчера, во салата на ООУ „Христијан Тодоровски-Карпош“ беа одиграни четвртфиналните дуели во одбојка за девојчиња кои се дел од спортската понуда по поводот роденденот на Општина Карпош. На натпреварите беше понудена одлична игра со многу неизвесности каде беа презентирани одбојкарските таленти на младите карпошанки. Резултатите од одиграните натпревари се следниве:

Аврам Писевски – Петар Поп Арсов 0-2

Лазо Трговски- Вера Циривири Трена 2-0

Димо Хаџи Димовски- Коменски 1-2

Војдан Чернодрински – Х.Т.Карпош 2-0

Натпреварите во одбојка за девојчиња се одиграа по повод Денот на Општина Карпош (3 ноември), а финалниот меч ќе се одигра во четврток на 2-ри ноември со почеток во 12 часот каде финалистите ќе ги пресметаат своите сили.