По повод, Денот на Општина Карпош, 3 ноември, по дванаесетти пат се одржаа пензионерските спортски игри, на спортското игралиште ,,Алумина”. На оваа традиционална манифестација, која е во организација на Одделението за спорт и култура при Општината, се дружеа двете карпошови пензионерски здружение, ,,Карпош” и ,,Тафталиџе’’ и си ги одмерија силите во неколку спортски активности.

                    Лицата од третото доба, во смеа и игра се натпреваруваа во изведување на пенали, а ги одмерија своите сили и во пикадо, фрлање ѓуле, трчање на 60 и 80 метри, додека пак мажите се натпреваруваа во дисциплината скок во далечина.

                Во рамки на овој спортско-рекреативен настан, присуствуваше и градоначалникот Стевчо Јакимовски, кој ги поздрави присутните и им посака пријатна дружба, притоа напоменувајќи дека локалната самоуправа и понатаму ќе се грижи за својата повозрасна категорија на граѓани. Многу се радувам што ве има во волкав број, здружениата се дури и освежени, со нови членови, што покажува дека пензионерите во Карпош знаат да се дружат и да споделуваат искуства од секојдневниот живот. Јас ќе ви се придружам за околу две години, а дотогаш ќе придонесувам за доброто на граѓаните од третото доба. Ме радува што гледам натпреварувачки и спортски дух, и се надевам уште долго така ќе остане. Уживајте во овој есенски сончев ден и имајте пред се добра дружба, и пријателско натпреварување.-истакна Јакимовски.

Со стартот на овогодинешните пензионерски игри, Општина Карпош официјално ги започна празничните роденденски денови кои ќе бидат исполнети со голем број активности.