ЛИДЕРСКИ ФОРУМ НА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ “ПОТТИКНУВАЊЕ ИЗВОНРЕДНОСТ ВО УПРАВУВАЊЕ И СОРАБОТКА”
- октомври 4, 2023
 - 0
 
На крајот од септември оваа година(27-28.09), во Маврово, се одржа лидерски форум на градоначалници на партнер општините на тема “Поттикнување извонредност во управување и соработка”, организиран од УСАИД во рамки на проектот за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите. На лидерскиот форум беа присутни градоначалници и секретари од дваесет и седум општини, кои дискутираа и споделуваа искуства во врска со:
- управување со општината во однос на прибирање средства, раководење со финансии, обезбедување услови за економски раст и развој,
 - усовршување на лидерски вештини за поефективно локално управување,
 - подобрување на соработката со засегнатите страни и поддршка на економскиот раст во општините,
 - поттикнување на соработка и градење односи меѓу градоначалниците од различни политички провиниенции, и
 - добрите практики од студиското патување во САД во локален контекст.
 
Од страна на тимот на Проектот на УСАИД за Зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите на форумот се презентираа и конкретни активности кои ќе следат во наредниот период со цел зајакнување на административниот капацитет на партнер општините и подобрување на услугите кон граѓаните.

		
										
										
										
										
										







