Со својата позитивна енергија и одличен сценски настап, РнБ дуото ДНК вечерва со почеток од 19:30 ќе се претстават на платото Млечен, како дел од „Културно Лето Карпош 2023“.

Музичките настапи и достигнувања, за ДНК се доказ од нивната долгогодишна успешна работа и за поддршката која секојдневно ја добиваат од многубројните фанови. Карпошани, вечерва ќе уживаат во перформансот од  членовите на ДНК, Панчо и Андреј кои како дел од културната манифестација во организација на Општина Карпош ќе приредат уште едно музичко доживување.