ДРАГАН МИЈАЛКОВСКИ ЌЕ ГО ОТВОРИ КАРПОШОВОТО КУЛТУРНО ЛЕТО 2023
- септември 12, 2023
- 0
Со настапот на легендата на македонската поп музика, Драган Мијалковски, вечерва на платото пред Млечен ќе стартува традиционалната манифестација „Културно лето Карпош“ 2023. Имено, кралот на македонските шлагери по пет годишна пауза повторно се враќа на сцената, со што ќе ја одбележи својата богата 60 годишна кариера, како едно од најголемите музички имиња во нашата земја но и на поранешните ЈУ – простори.
Започнувајќи од денеска па се до 20 септември, Карпошовото културно лето годинава ќе се одржува на две локации, на платото пред Млечен и плоштадот Делфина во населбата Влае. И оваа година, програмата е прилагодена за сите генерации која ќе биде исполнета со перформанси за децата, младите и повозрасните.