Од 12 – ти септември, на платото на „Млечен“ (УЗ „Владо Тасевски“) со почеток во 19.30 часот со настап на Драган Мијалковски ќе започне традиционалната културна манифестација на општина Карпош, „Карпошово културно лето 2023“.И оваа година, програмата е прилагодена за сите генерации која ќе биде исполнета со перформанси за децата, младите и повозрасните.

За „Карпошово културно лето 2023“ се одвоени 2.000.000 денари, средства од Буџетот на локалната самоуправа.

Ги повикуваме граѓаните да дојдат и да уживаат во вечерите, кои ќе бидат исполнети со квалитетна музика и програма за сите возрасти.