СТУДЕНТИТЕ ОД КАРПОШ ЌЕ СТУДИРААТ ЗА 200 ЕВРА НА МЕЃУНАРОДНИОТ БАЛКАНСКИ УНИВЕРЗИТЕТ
- март 29, 2023
- 0
Општина Карпош потпиша Меморандум за соработка со Меѓународниот Балкански универзитет, кадешто двете страни потписници ќе се залагаат за заеднички да дејствуваат и соработуваат во интерес на спроведување на аналитичка и истражувачка работа. Со овој Меморандум на соработка, студентите од Општина Карпош, преку одредени критериуми и услови, ќе имаат можност да студираат на овој Универзитет за 200 евра на годишно ниво.
Дел од условите се студентите да имаат минимум вкупен просек од 4.50 и да се подготвени да следат настава на англиски јазик. Студирањето се однесува во седум наставни програми, а секој заинтересиран студент, ќе ја одбере својата програма. Исто така, предвидена е и практична обука на студентите во општината и нивно доусовршување во практичната работа.
Меѓународниот Балкански универзитет е основан во 2006 година од страна на Фондацијата за образование и култура-Скопје. Основан е како единствен и непрофитабилен универзитет во државата и е место кадешто се среќаваат студенти од целиот регион, вклучувајќи ја и Турција.