ПОКАНА ЗА СЕДНИЦА НА СОВЕТ НА ОПШТИНА КАРПОШ
- февруари 22, 2023
- 0
На ден 28ми февруари 2023 (вторник) со почеток во 10 часот ќе се оддржи дваесет и втората седница на Соовет на Општина Карпош.
Седницата на Советот ќе се одржи во просториите на Универзитетот за туризам и манаџмент Скопје со следниот
ДНЕВЕН РЕД
- Усвојување на Записник од 18та седница на Советот на Општина Карпош
- Усвојување на Записник од 19та седница на Советот на Општина Карпош
- Усвојување на Записник од 20та седница на Советот на Општина Карпош
- Усвојување на Записник од 21ва седница на Советот на Општина Карпош
- Предлог-Заклучок за усвојување на Извештајот за реализација на Програмата за активностите на Општина Карпош од областа на информатичката технологија за 2022 година;
- Предлог-Прогарама за изменување и дополнување на Програмата за активностите на Општина Карпош во областа на на образованието за 2023 година;
- Предлог-Програма за работа на Советот за 2023 година
- Предлог-Решение за давање согласност на Годишниот план за изменување и дополнување на Годишниот план за вработување за 2023 година на ООУ „Аврам Писевски“ Општина Карпош Скопје
- Предлог-Решение за давање согласност на Годишниот план за изменување и дополнување на Годишниот план за вработување за 2023 година на ООУ „Вера Циривири Трена“ Општина Карпош Скопје
- Предлог-Решение за давање согласност на Годишниот план за изменување и дополнување на Годишниот план за вработување за 2023 година на ООУ „Владо Тасевски“ Општина Карпош Скопје
- Предлог-Решение за давање согласност на Статуратна одлука за изменување и дополнување на Стаутот на ООУ „Лазо Трповски“, Општина Карпош, Скопје
- Предлог-Одлука за давање согласност за спогодбено превземање административен службеник во Секторот за уредување на градежно земјиште и комунални работи
- Предлог-Одлука за давање согласност за спогодбено превземање административен службеник во Одделението за човечки ресурси
- Предлог-Одлука за кофинансирање на проектот „Инвестиција во фотоволтаици, енергетска ефикасност, заштита на човековата околина“
- Предлог-Одлука за давање согласност за промена на корисникот на електрично броило од ПЗУ Нерези Медика на Општина Карпош
- Предлог-Решение за разрешување, именување и верификација на членови во училишниот одбор на општинското основно училиште „Војдан Чернодрински“, Општина Карпош-Скопје
- Предлог-Решение за изменување и дополнување на Решението за именување на претседател и членови на Комисијата за спорт
- Предлог-Локална стратегија за млади на Општина Карпош за период од 2023 до 2027 година
- Предлог-Акциски план за спроведување на Локална стратегија за млади на Општина Карпош за 2023 година
- Предлог-План програми за развој на Општина Карпош за период 2023-2027 година