КРЕИРАЊЕ НА РОДОВО СЕНЗИТИВНИ ЛОКАЛНИ ПРОГРАМИ
- октомври 21, 2022
- 0
Во организација на UN Women – Тело на ОН за родова еднаквост и зајакнување на жените во периодот од 19 до 21 октомври 2022 година во Хотел Изгрев, Струга претставнички од општинската администрација и Координаторката за еднакви можности на мажите и жените во Општина Карпош учествуваа на обука за Креирање на родово сензитивни локални програми која е во рамките на проектот „Промоција на родово одгворни политики и буџети: кон транспарентно, инклузивно и отчетно управување во Република Северна Македонија“.
На обуката преку вежби и презентации учесниците се стекнаа со знаење од областа на креирањето на политики и програми со нивните цели за одржлив развој, националните приоритети и Стратегија за родовата еднаквост како и за локалните стратешки определби , приоритети и цели. Вежбите и презентациите беа во насока на тоа присутните да се обучат како да анализираат програми и како да дефинираат сензитивни индикатори, како да прибираат и анализираат родово разделени податоци кои квартално треба да се следат по индикатори и известувања за програмите.