ЈАВЕН ПОВИК ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА „ПРОМОЦИЈА И УНАПРЕДУВАЊЕ НА ЕДНАКВОСТА И ПРЕВЕНЦИЈА ОД ДИСКРИМИНАЦИЈА“
- октомври 3, 2022
- 0
Формираната Комисија од Општина Карпош задолжена за реализација на програмската активност за „Промоција и унапредување на еднаквоста и превенција од дискриминација“, распиша Јавен повик на оваа тема. Целта на планираната активност е реализација на проекти кои ќе резултираат со конкретни активности, поврзани со спречување на дискриминацијата по сите основи. На овој начин треба да се подигне свеста за постоење на дискриминацијата во нашето опкружување, како и откривање и препознавање на жртвите од дискриминација од секој вид.
Оттаму, проектните активности треба да бидат од едукативен карактер, но и да укажуваат на законските регулативи и да ја промовираат еднаквоста и помошта на жртвите од дискриминација. За оваа намена, Општина Карпош од својот Буџет обезбеди 100.000 денари, а Јавниот повик ќе трае до исцрпување на предвидените финансиски средства.
Заинтересираните правни и физички лица можат да најдат повеќе детали за Јавниот повик на следниов линк:
https://karpos.gov.mk/wp-content/uploads/2017/08/R1.pdf