ДОСЕГА 120 КАНДИДАТИ ГИ ИСПОЛНУВААТ КРИТЕРИУМИТЕ ЗА ДОБИВАЊЕ СУБВЕНЦИИ ЗА ПОЛАГАЊЕ НА ВОЗАЧКА ДОЗВОЛА
- јули 7, 2022
- 0
Од пристигнатите барања за субвенционирање на млади лица од Карпош за посетување на обуки за теоретски и практичен дел за полагање на возачка дозвола, кои денеска (четврток 07.07.2022) ги разгледуваше Комисијата за доделување на субвенции при локалната самоуправа, утврдено е дека уште шест нови кандидати ги исполнуваат критериумите за добивање на финансиска поддршка за оваа намена. Според ажурираните податоци, досега 120 кандидати ги исполнуваат критериумите кои се пропишани во Јавниот повик кој го распиша Општина Карпош.
Во таа насока ја објавуваме листата на новите кандидати за кои денеска (четврток 07.07.2022) беше утврдено дека ги исполнуваат условите за добивање субвенции за млади лица од Карпош, кои ќе можат да посетуваат обуки за теоретски и практичен дел за полагање на возачка дозвола (Б категорија):
Р.Б | Име и презиме: | Број на пријава: |
1 | Екатерина Секованиќ | 11-5628/1 |
2 | Катја Јеремиќ | 11-5658/1 |
3 | Христина Станојковска | 11-5626/1 |
4 | Горазд Попов | 11-5624/1 |
5 | Анастасија Анѓелеска | 11-5452/1 |
6 | Јосиф Велков | 11-5612/1 |
Оттука, кандидатите кои се наведени во оваа листа, можат да изберат една автошкола (од посочените во Јавниот повик), со што преминуваат во втората фаза од постапката. Во оваа пригода ги информираме граѓаните дека листата на кандидати кои ги исполнуваат критериумите за добивање на субвенции, ќе биде редовно ажурирана сé додека не се исцрпат средствата за оваа намена.