Врз основа на член 39 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ бр.5/2002), член 16 од Статутот на Општина Карпош („Службен гласник на Општина Карпош“ бр.1/2006, 8/2013, 15/2014, 9/2019, 7/2020 и 4/2021) и член 59 од Деловникот на Советот на Општина Карпош („Службен гласник на Општина Карпош“ бр.3/2006), се донесе

                                                                                                                                            

                                                                                РЕШЕНИЕ     

                                                                          

за свикување на единаесета седница на Советот на Општина Карпош

Се свикува единаесета седница на Советот на Општина Карпош за 01.07.2022 година (петок), со почеток во 10.00 часот.

За седницата се предлага следниот                                                                             

ДНЕВЕН РЕД

  • Усвојување на Записник од десета седница на Советот на Општина Карпош
  1. Предлог-Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за работа на Советот на Општина Карпош со употреба на комуникациски средства
  2. Предлог-Одлука за давање согласност од членовите на Советот на Општина Карпош да се откажат од надомест за присуство на седници во период од една календарска година
  3. Предлог-Решение за изменување и дополнување на Решението за именување на претседател и членови на Комисијата за прописи бр.09-7329/9 од 12.11.2021 година
  4. Предлог-Одлука за проширување на средствата на Буџетот на Општина Карпош за 2022 година
  5. Предлог-Одлука за донесување Урбанистички проект со план за парцелација за формирање на градежна парцела со намена Г3.1-Индустриски сервиси, сервиси за одржување на моторни возила на ГП 2.2.5 од ДУП Момин Поток, на КП 802/2, 802/3, 802/4, 802/5 и дел од 7093/1 и 802/1. КО Злокуќани, Општина Карпош
  6. Предлог-Заклучок за усвојување Извештај од Комисија за објавување Јавен повик и спроведување на постапка за доделување финансиска поддршка за поправка и санација на кровни покривачи на станбени згради за колективно домување и замена на азбестни кровни покривачи на индивидуални станбени објекти (куќи) во Општина Карпош бр.11-2842/11 од 21.06.2022 година
  7. Предлог-Одлука за одобрување финансиски средства за поправка и санација на кровен покривач на станбена зграда за колективно домување на бул.„Партизански одреди“ бр.149/1, Општина Карпош-Скопје
  8. Предлог-Одлука за одобрување финансиски средства за замена на азбестен кровен покривач на индивидуален станбен објект (куќа) на ул.„Козле“ бр.130А, Општина Карпош-Скопје
  9. Предлог-Одлука за одобрување финансиски средства за замена на азбестен кровен покривач на индивидуален станбен објект (куќа) на ул.„Милан Марковиќ“ бр.14а, Општина Карпош-Скопје
  10. Предлог-Одлука за одобрување финансиски средства за замена на азбестен кровен покривач на индивидуален станбен објект (куќа) на ул.„Поп Богомил“ бр.12, Општина Карпош-Скопје
  11. Предог-Решение за именување и верификација на членови во Локалното собрание на млади на Општина Карпош
  12. Предлог-Одлука за одобрување на финансиски средства за награди за полуматуранти-првенци на генерација од општинските основни училишта на територијата на Општина Карпош за учебната 2021/2022 година
  13. Предлог-Одлука за начинот и условите за давање на користење училишен простор и спроведување на други активности во врска со основните општински училишта на територија на Општина Карпош
  14. Предлог-Одлука за одобрување на финансиски средства за купување на периодични паркинг картици за корисници жители на Општина Карпош од СЦМ РЕТАИЛ ДООЕЛ- Скопје-трговски центар Скопје Сити мол
  15. Предлог-Одлука за одобрување финансиска поддршка на Здружение за спорт и рекреација на граѓании млади и лица со посебни потреби „Денсерс Јунајтед“-Скопје
  16. Предлог-Одлука за измена и дополна на Одлука за основање на Центар за развој на Скопски плански регион број_____ од _______ година
  17. Предлог-Одлука за спроведување на ревизија на ДУП за градска четврт З 05, Општина Карпош
  18. Предлог-Одлука за задолжување на Градоначалникот и општината да стопираат со издавање на градежни дозволи и забрана за започнување на градба се додека трае ревизијата на ДУП за градска четврт З 05, Општина Карпош
  19. Предлог-Одлука за обележување со видна ознака на сите возила во сопственост на Општина Карпош
  20. Предлог-Решение за разрешување и именување членови во Управниот одбор на Јавната установа општинска детска градинка „Пролет“, Општина Карпош-Скопје
  21. Предлог-Решение за давање согласност на Годишниот план за вработување во Јавната уставона општинска детска градинка „Мајски Цвет“ за 2023 година
  22. Предлог-Решение за давање согласност на Годишниот план за вработување за 2023 година на општинското основно училиште „Аврам Писевски“, Општина Карпош-Скопје
  23. Предлог-Решение за давање согласност на Годишниот план за вработување за 2023 година на општинското основно училиште „Братство“, Општина Карпош-Скопје
  24. Предлог-Решение за давање согласност на Годишниот план за вработување за 2023 година на општинското основно училиште „Вера Циривири Трена“, Општина Карпош-Скопје
  25. Предлог-Решение за давање согласност на Годишниот план за вработување за 2023 година на општинското основно училиште „Владо Тасевски“, Општина Карпош-Скопје
  26. Предлог-Решение за давање согласност на Годишниот план за вработување за 2023 година на општинското основно училиште „Војдан Чернодрински“, Општина Карпош-Скопје
  27. Предлог-Решение за давање согласност на Годишниот план за вработување за 2023 година на општинското основно училиште „Димо Хаџи Димов“, Општина Карпош-Скопје
  28. Предлог-Решение за давање согласност на Годишниот план за вработување за 2023 година на општинското основно училиште „Јан Амос Коменски“, Општина Карпош-Скопје
  29. Предлог-Решение за давање согласност на Годишниот план за вработување за 2023 година на општинското основно училиште „Лазо Трповски“, Општина Карпош-Скопје
  30. Предлог-Решение за давање согласност на Годишниот план за вработување за 2023 година на општинското основно училиште „Петар Поп Арсов“, Општина Карпош-Скопје
  31. Предлог-Решение за давање согласност на Годишниот план за вработување за 2023 година на општинското основно училиште „Христијан Тодоровски Карпош“, Општина Карпош-Скопје

Седницата на Советот ќе се одржи во просториите на Универзитет за туризам и менаџмент Скопје.

Телефон за контакт – 078/486-962