Во насока на целосна транспарентност, отчетност и отворена комуникација со жителите на Карпош, Градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски јавно ги објави финансиските податоци за работењето на општината во месец април 2022 година.

Во објавениот документ кој се однесува на исплатените обврски кон добавувачи детално е наведено каде се потрошени парите на граѓаните во наведениот период. Истовремено, објавени се и приходите на општината за овој месец како и трошоците за улично осветлување за последните три месеци од минатата година и за првите три месеци од 2022.

Од извештајот за финансиското работење на општината може да се увиди дека во април е остварен приход од 39.425.041 денари, а обврските кон добавувачите за истиот период изнесувале 39.183.938 денари.

Сметките за електрична енергија за улично осветлување за првите три месеци од 2022 година изнесуваат вкупно 15,408,261 денари, а за последните три месеци од 2021 година, пред поскапувањето на цената на електричната енергија, вкупно биле платени 3,923,066 денари.

 

 

Приходи за април 2022 

Расходи за улично осветлување последен квартал 2021 година и прв квартал 2022 година