Јавниот простор во УЗ „Владо Тасевски“, спроти хотел „Карпош“ е целосно раззеленет. Со новозасадената тревна површина и систем за наводнување, се обезбедува пофункционален и позелен јавен простор, кој можат да го користат граѓаните од овој дел на Карпош.

Автоматскиот систем за наводнување овозможува полесно одржување на зелената површина, која се простира на 2.000 м2, како и долготрајност на зеленилото.

 

Во овој  дел, локалната самоуправа постави и нови клупи за седење.

 

Инаку, во завршна фаза е и маалскиот парк во Карпош 4, меѓу улиците „Желево“ и „Соле Стојчев“.

 

Општина Карпош, изминативе години особено вложува во хуманизација на јавниот простор. Тоа подразбира повеќе зеленило, висококвалитетни дрвја, како и содржини за рекреација и маалски соживот на граѓаните.

 

Ги повикуваме сите граѓани на одговорно однесување во маалските паркови, правилно одложување на отпадот, како и совесно користење на урбаната опрема.