НАЈЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА

Општина Карпош, континуирано, во текот на целата година врши санација и реконструкција на детските и спортски игралишта. Пријавете го игралиштето до нас и службите ќе делуваат што е можно поскоро. Имаме повеќе од 60 детски игралишта и не е возможно паралелно да работиме на повеќе, но етапно се грижиме за нивната состојба. Ве молиме правилно и совесно да ја користите урбаната опрема.

-Постапка за сечење и кастрење на дрвја и гранки се одвива преку Град Скопје и ЈП „Паркови и зеленило“. Ова се чекорите:

Физичко/правно лице поднесува Барање до Град Скопје – Сектор за комунални работи. (Барање за сечење (корнење-кастрење) на дрва, грмушки и жива ограда на јавна или дворна површина)

Стручни лица со увид на лице место ја утврдуваат состојбата и потребата за сечење, односно кастрење на дрвото и донесуваат Решение.

-ЈП „Паркови и зеленило“ – Скопје ја најавува активноста во Град Скопје и релевантната општина и постапува според издаденото Решение.

-Постапката се извршува според член 29 од Законот за урбано зеленило (бр. 08-371/1 од 15.01.2018 год.)

-Општина Карпош добива повеќе пријави за оваа бучава. Согласно Законот за бучава, не е предвидено мерење на бучава од верски објекти, но имаме предвид за проблемот и фактот дека се нарушува јавниот ред и мир. Оттука, контактиравме и со Исламската верска заедница, Џамискиот одбор и Комисијата за односи меѓу верски заедници и религиозни групи, да направат напори и да придонесат за креирање на решение за овој локален проблеми. Ви благодариме на разбирањето и трпението.

Субвенциите за оваа година завршија, средствата се исцрпија. Нов јавен повик, очекуваме да имаме следната година. Истиот ќе биде објавен и на нашата веб страна (во делот огласна табла), а ќе се сподели и на социјалните мрежи и мобилната апликација „мЗаедница“.

Можете да пријавите во просториите на урбаната заедница (во вашата населба), по што комуналниот редар ќе изврши надзор или пак, да поднесете пријава преку електронски пат (мејл, социјални мрежи, „мЗаедница“), како и архивата на општината.

Подрачната единица на Управата за водење на матични книги, вклучително и за општина Карпош е во Ѓорче Петров, на ул. „Виа Игнатиа“ бр.6, телефон 02/2 041 497. Подрачната единица на Министерството за одбрана за Карпош (која издава потврди за воен рок) е на ул. „Народен фронт“ бр.21, тел: 02/322-4182. Сите подрачни одделенија на институции ги имаме објавено на овој линк: https://bit.ly/2SoiEXB .

Просторот кај „Партизан“ трајно е заштитен и не постои повеќе закана за изградба на зграда. Агенцијата за млади и спорт го финализира основниот проект, по што, ова лето се очекува да започне реконструкцијата на салата. 

Во врска со паркот, избрани се три идејни решенија и градот Скопје го подготвува основниот проект. Претходно, теренот беше израмнет, а децениската депонија подигната.

Тековно ја санираме урбаната опрема. За поставување на нови клупи и корпи за отпадоци, можете да испратите барање до општината (по електронски пат или архива), до Секторот за животна средина и енергетска ефикасност. За одржување на постоечките и поставување на нови клупи долж булеварите („Илинден“, „Партизански одреди“, „М.Т.Гологанов“ и др.), одговорен е градот Скопје и барањето може да се достави до нив.

Овој тип на домашен комунален отпад (од големите контејнери и зелените корпи) го подигнува исклучиво ЈП „Комунална хигиена“ Скопје, со своја сопствена механизација. Ако сте соочени со проблем, известете го јавното претпријатие или посочете до нас, па ние ќе им пренесеме.

Сите градинки работат по протоколи за заштита од КОВИД – 19. Со тоа, бројот на згрижени деца по групите е преполовен и затоа има листи на чекање. Се надеваме дека со процесот на вакцинација, ќе заврши пандемијата и повторно градинките ќе можат да работат со полн капацитет.

Зградите се приватни објекти, во заедничка сопственост на сите станари (заедницата на сопственици). Оваа година, општина Карпош има повик за субвенционирање на реконструкција на кровни површини и постоечки лифтови. Доделуваме определени средства, а учество треба да има и од страна на станарите.

Поднесете пријава до урбаната заедница, за комуналниот редар да излезе на терен или обратете се по електронски пат до општината, а постои можност и преку архива.

Сообраќајната сигнализација се поставува согласно сообраќајни правилници. „Лежечки полицајци“ може да се постават околу градинки и училишта, но не и по булевари и пофреквентни улици. Онаму каде што има можност поставуваме столпчиња. Во одредени случаи, соочени сме со револт од жители кога се поставува сигнализација. Оттука, за да знаеме дека за конкретното барање се залагаат повеќе граѓани, Ве молиме да доставувате барања/петиции поткрепени со потписи од жителите кои живеат во околината. Барање се проследува до Одделението за комунална инфраструктура.