Во изминатиот период беше направена уште една фитнес зона во општина Карпош. Во населбата Карпош 1, во близина на основното училиште „Христијан Тодоровски – Карпош“ поставени се справи за физички активности и рекреација на граѓаните кои живеат во околината.

 

Во овој дел од населбата беше целоснo реконструирано игралиштето „Сокол“, а беше направен и нов маaлски парк на улицата „Иван Аговски“.

 

Во меѓувреме, во завршна фаза се и активностите за целосно уредување на дворот на ООУ „Х.Т.Карпош“, кој добива ботаничка градина, повеќе зеленило и систем за наводнување.

 

Локалната самоуправа континуирано вложува во изведба на спортски зони и маалски паркови по сите населби.

Претходно, фитнес зони се изведоа и во Карпош 4 (долж бул. „Партизански одреди“), на Кејот (под спортско – качувачката карпа), во Карпош 3 (во рамки на спортско – рекреативиот центар „Лазо Трповски“).

 

Уредени маалски површини, пак, добија населбите: Карпош 2 (кај Драмски театар), Карпош 3 (во ООУ „Лазо Трповски“), Тафалиџе 2 (кај последна „24 – ка“), Долно Нерези (кај „воените“ кули), Карпош 4 (на аголот меѓу „Љубљанска“ и „Партизански Одреди“).