КАРПОШ СО мЗАЕДНИЦА ПРЕДВОДНИК ВО НОВИ УСЛУГИ ЗА ГРАЃАНИТЕ
- мај 29, 2021
- 0
Општина Карпош веќе трета година успешно ја користи дигиталната алатка на Центарот за иновации Блинк 42-21 за двонасочна комуникација со граѓаните.
Искуствата од примената на овој иновативен метод, претставници од администрацијата на Карпош ја промовираа на дводневната тренинг програма за јакнење на капацитетите на локалната администрација која се оддржи на 27ми и 28ми мај во Охрид и на која учествуваат претставници на други општини кои планираат да го унапредат работењето и пружањето на услуги на граѓаните токму преку оваа апликација.
Општина Карпош беше пилот општината во државата која прва успешно ја воведе оваа дигитална алатка мЗаедница во соработка со Блинк 42-21, а е наменета за носење на одлуки на локално ниво врз основа на обработка на податоци. Со неа граѓаните имаат можност директно да комуницираат со секторите при локалната самоуправа.
Апликацијата е достапна преку IOS и Android уредите, при што граѓаните на Карпош можат да пријавуваат проблеми, но и да даваат свои креативни предлози и иницијативи за уредување на одреден јавен простор од секаде и во секое време. Во меѓувреме, освен основната, Блинк 42-21 имплементираше и надградена верзија, преку која веќе имаше пријавување за субвенции за купување велосипеди (онлајн пристигнаа 130 барања), а во иднина, граѓаните ќе може да аплицираат и за добивање на паричен надоместок за новороденче, како и за барања на еднократна парична помош од областа на детска, социјална и здравстевена заштита.
Надградената верзија на мЗаедница е поддржана од Амбасадата на САД во РСМ.