Со измените на буџетската Програма од областа на екологијата и енергетската ефикасност, општина Карпош повеќекратно ги зголеми средствата за подигнување на зелени површини, хортикултура, јавна хигиена, обновување и одржување на урбана опрема, реквизити по детски и спортски игралишта.

 

Поточно, на 56. седница на Советот беа направени следните измени:

 

  • За подигнување на нови тревни површини, садење дрвја и украсни растенија, како и монтирање на системи за наводнување на јавното зеленило насочени се 13.000.000 денари наместо планиранте 6.000.000 денари;
  • За јавна чистота и хигиена се насочуваат 51.800.000 денари наместо планираните 43.800.000. Средствата, покрај за сезонските работници, ќе бидат наменети и за чистење на диви депонии, купување на посовремени дувалки за собирање на лисја и механизација за одложување на отпад;
  • За нова урбана опрема (клупи и корпи за отпадоци) предвидени се 9.100.000 денари наместо планираните 6.000.000 денари;
  • За одржување на постоечката урбана опрема, како и за сервисирање на реквизитите на детските игралишта, спортски терени и фонтаните (на платоата) предвидени се 23.000.0000 денари наместо претходно планираните 14.000.000 денари.

 

Исто така, општина Карпош ги намали и планираните средства за новогодишно украсување, од 2.000.000 на 700.000 денари.

 

Основната цел на локалната самоуправа е уште повеќе да се зголеми зеленилото во Карпош. Акцентот се става на меѓублоковското зеленило, зеленилото меѓу зградите кое е најблиску до граѓаните.

 

Исто така, вложуваме во уредување на овие зони со содржини за најмладите, како и  во урбана опрема за повозрасните сограѓани.

 

Хуманизацијата на јавниот простор подразбира креирање на површини кои одговараат на потребите на сите граѓани.