АПЛИЦИРАЈ ЗА ПОДДРШКА НА МЛАДИНСКИТЕ ИДЕИ ВО КАРПОШ
- март 12, 2021
- 0
Сите млади од Карпош, кои се заинтересирани за младински активизам, учество, креирање на проекти и соработка со локалната самоуправа можат да се пријават на јавниот повик за членство во одборот, за проектот „Локална младинска банка“. Проектот се спроведува во соработка со организацијата „Младите можат“, а е поддржан од Амбасадата на САД во Скопје.
Оние кои ќе се пријават и ќе бидат избрани, ќе можат креативно да се изразат, да добијат финансиска поддршка за своите идеи и иницијативи на локално ниво, а и да вршат оценување и оправданост на други проекти.
Младите треба да пополнат формулар за апликација, кој се наоѓа на линкот – https://bit.ly/3qOqWmZ, најдоцна до 22.03.2021 година. За дополнителни прашања и информации можат да се обратат на info@youthcan.org.mk или на 078 – 313 – 931.
Претходно, во рамки на овој проект беше изработена и анализа за потребите на младите на локално ниво. Истата беше презентирана на градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев, при што беа воочени главните проблеми и предизвици со кои се соочуваат младите луѓе во општината.
Општина Карпош продолжува со континуираната поддршка на младите и со соработка со сите чинители, за нивно задржување во државата и овозможување на подобри услови за живот.