Комуналните служби на Општина Карпош расчистија уште една депонија, во реонот на Злокуќани, на патот кон православните гробишта.

Забележително беше поголемо количество на кабаст отпад и градежен шут, кои свесно биле одложени на несоодветен начин.

 

Локалната самоуправа апелира на правилно одложување на отпадот. На нашата веб страна достапни се сите информации за правилно ослободување од секаков вид отпад (линк: https://bit.ly/3bF9uLW).

 

Во изминатиов период, општината ги интензивираше и инспекциските контроли на повеќе критични места, при што беа санкционирани неколку деловни субјекти кои ја загадуваат околината.

 

За оваа година, од Буџетот на Карпош се одвoени 650.000 денари за чистење на диви депонии.

 

Во изминатиот период, целосно беа подигнати и расчистени децениските депонии: кај мостот „Газела“ долж реката Вардар, во близина на хотелот „Александар Палас“ и Спортскиот центар „Борис Трајковски“, кај фудбалското игралиште во Злокуќани, како и во Бардовци (долж реката Лепенец).

 

Ги повикуваме сите граѓани и правни лица да се грижат за околината. Сите сме одговорни за чист и зелен Карпош.