БУЏЕТСКИОТ ПРАШАЛНИК НА КАРПОШ ПОПОЛНЕТ ОД 806 ГРАЃАНИ
- декември 7, 2020
- 0
Буџетскиот онлајн прашалник на Општина Карпош оваа година го пополнија 806 граѓани од сите урбани заедници.
Сите проблеми, забелешки и идеи кои беа посочени од граѓаните се дистрибуирани до соодветните одделенија и сектори при општината. Во процесот на креирање на буџетските програми, секоја од забелелешките ќе биде разгледана и согласно можностите и надлежноста ќе се интегрира во новиот Буџет на локалната самоуправа за 2021 година.
Како што информиравме и претходно, доминираат предлози на три теми: инфраструктура, екологија и урбанизам. Најактивни со пополнување на анкетниот прашалник биле граѓаните од Тафталиџе, Карпош 4, Карпош 1 и Карпош 2.
Во споредба со минатата година постои забележителен раст на вклучени граѓани, такашто, ланскиот анкетен прашалник го пополниле 504 граѓани, а годинешниот 806.
Трета година по ред Општина Карпош ја користи оваа алатка за мапирање на интересот на граѓаните, приоретизација на буџетските средства и зголемување на партиципативноста (учеството) при буџетирањето.
Исто така, во тек е и изработка на теренска анкета, на репрезентативен примерок од најмалку 1.000 граѓани, која исто така ќе помогне во подготовката на новиот буџет.
Службите на Општина Карпош и градоначалникот Стефан Богоев на дневна основа реализираат и консултативни средби со претставници на граѓанските организации и меѓународни донатори, со цел да се создаде посеопфатен и пореален буџетски документ.