КАРПОШ СЕ ЗАБЛАГОДАРУВА НА ВОЛОНТЕРИТЕ КОИ ПОМАГААТ ВО ЕК НА ПАНДЕМИЈАТА
- декември 5, 2020
- 0
Општина Карпош се приклучува кон глобалната иницијатива „Заедно можеме преку волонтирање“ – 05. декември, Меѓународниот ден на волонтерството.
Во текот на оваа пандемија, преку соработка со Црвениот крст овозможивме мобилни тимови за поддршка на лицата во изолација, како и повозрасните и изнемоштени сограѓани. Всушност, партнерството со Црвениот крст придонесе волонтерите од оваа организација да набавуваат прехранбени продукти, лекови и средства за хигиена на оние на кои им е најпотребно.
Исто така, за времетраење на полицискиот час, Општина Карпош направи и соработка со Сојузот на извидници на Македонија. Извидниците организираа патроли пред пофреквентните маркети, банки и аптеки, при што го контролираа редот и апелираа до граѓаните да се одржува дистанца.
Волонтерството и тоа како помага во кризни состојби. Затоа, локалната самоуправа ја изразува својата благодарност до посочените организации, до нивните волонтери, но и до сите граѓани кои несебично се вложуваат и сакаат да помогнат во заедницата.
Во претстојниот период продолжуваме да ги мотивираме граѓаните, особено младите да бидат дел од волонтерски акции. Затоа што волонтерството значи конкретна помош, но и придонесува во градењето на поодговорни, послободни и похумани граѓани.