76 ГОДИНИ ОД ОСЛОБОДУВАЊЕТО НА СКОПЈЕ
- ноември 13, 2020
- 0
Градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев положи свежо цвеќе пред Споменикот на Ослободителите на Скопје, пред Владата на Република Северна Македонија, во знак на одбележување на 13 Ноември – Ден на ослободувањето на Скопје.
Денеска, граѓаните на Скопје ја празнуваат 76 годишнината од ослободувањето на нашиот главен град од фашистичка окупација.
13 Ноември нѐ потсетува колку е скапа слободата. Наша обврска е да продолжиме да се сеќаваме и да го негуваме споменот на оние кои го положија својот живот за колективното добро. Но, и да го развиваме главниот град преку вредностите на слобода, солидарност и еднаквост.
Пред спомен – обележјето свежо цвеќе положија повеќе претставници на институции, локални самоуправи и организации. Свое обраќање имаше и градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, кој во знак на благодарност кон борците, посочи дека новиот мост во продолжение на булеварот „АСНОМ“ ќе го носи името на Генерал Михајло Апостолски.