КАРПОШАНИ ПРЕБАРУВАЛЕ : УРБАНИЗАЦИЈА, Е-УСЛУГИ, КУЛТУРА И СОЦИЈАЛА
- јули 17, 2020
- 0
Општина Карпош прави постојана анализа на најчитаните информации и вести на веб страната www.karpos.gov.mk. На овој начин, попрецизно ги мапираме интересите на граѓаните, за кои услуги се најзаинтересирани и како истите да станат повидливи за карпошани.
Жителите на Општина Карпош, изминатава недела најмногу се интересирале за урбанизацијата на нивната локална самоуправа, што се гради и што и каде може да се гради, но и севкупно, во која насока одат политиките на локалната власт. Ова го покажуваат статистичките податоци кои ги разработивме од интернет страницата на Карпош.
Така, само во последната недела има 783 прегледи на ДУП-овите, а веднаш потоа, со 266 видувања се прегледите на службеното гласило на Општината, односно Службениот гласник, во кој се пренесуваат сите значајни одлуки на раководните тела, односно Советот на општина Карпош. Но во него се сместени и сите одлуки кои ги предлага градоначалникот на Карпош, а кои се усвоени од советниците, како и новодонесените подзаконски акти.
Граѓаните, над сто пати во последната седмица побарале услуга, формулари и обрасци преку веб страницата на Општината (114 видувања), а исто толкав број и воспоставиле електронски контакт за само една недела.
Карпошани подеднакво многу се интересираат и за културната понуда во Општината, за што говорат посетите на најавата на летната кино програма, но на голем поздрав од граѓаните наиде и најновиот социјален проект на Карпош заедно со социјалното претпријатие „Нега Плус“, а тоа е негата и грижата за стари и изнемоштени лица.