ПОМОШ ЗА 30 НАЈРАНЛИВИ ДОМАЌИНСТВА ОД КАРПОШ
- март 28, 2020
- 0
Општина Карпош организира хуманитарна акција за 30 најранливи домаќинства. Како резултат на кризната ситуација со Covid – 19, локалната самоуправа ќе обезбеди прехранбени продукти и средства за хигиена за најпогодените.
Оваа активност ќе се спроведе во соработка со Црвениот крст, чии волонтери ќе ги подготват социјалните пакети, кои ќе бидат набавени со буџетски средства на Општината.
Во видео обраќање, градоначалникот Стефан Богоев говореше за потребата од хуманост и солидарност во овие моменти:
- Помагавме за време на природни непогоди на нашите соседни земји, помагаме за лекување на наши сограѓани, а сега треба да се справиме со еден од најсериозните вируси во поновата историја.
COVID – 19 го погоди целото општество! Но, коронавирусот не обедини сите, во општествена акција, секој да преземе мерки и активности, рече Богоев.
Карпош традиционално организираше хуманитарна акција пред велигденските празници. Но, како резултат на пандемијата со коронавирус и избегнување на директен контакт меѓу граѓаните, при донирање на продукти, оваа година акцијата ќе се реализира на посочениот начин.
Акцентот ќе биде ставен на социјално – најзагрозените граѓани, кои впрочем се погодени и од коронавирусот.
Ги повикуваме сите граѓани, да се придржуваат до мерките за заштита од коронавирус и да ги почитуваат препораките од надлежните институции.