Комуналните служби на Општина Карпош денеска ги дезинфицираат влезовите од згради во населбата Козле. Се дезинфицираат влезните врати и влезните делови од згради, сандачињата, гелендерот и лифтот.

Оваа акција се спроведува во текот на целата недела. Се дезинфицираа зградите со повеќе од осум домаќинства, во сите населби на територија на Карпош.

 

Во текот на утрешниот ден, ќе бидат дезинфицирани и зградите во Влае, со што целосно ќе се покријат сите станбени единици во општината.

Хигиеничарите користат посебно средство за дезинфекција, кое служи и за чистење на јавни површини.

 

Оваа акција на Општината е дополнителна поддршка за заедниците на сопственици/куќни совети и не треба да ги одложи тековните активности за одржување на хигиена во влезовите, кои се планирани од станарите.

 

Локалната самоуправа продолжува и со миење и дезинфекција на локалните улици и јавните површини (тротоари, плоштади и платоа) во Карпош.

 

Ги повикуваме сите граѓани да се придржуаат до препораките за заштита од коронавирусот, да одржуваат зголемена хигиена во влезовите и заедничките простории од згради. Сите носиме одоговорност за јавното здравје!