Е – ЕДУКАЦИЈА ЗА ДЕЦАТА ОД ГРАДИНКИТЕ ВО КАРПОШ
- март 22, 2020
- 0
Претшколските установи од Општина Карпош започнуваат со прилагодена online едукација за децата. Градинките „Орце Николов“, „Мајски цвет“, „Распеана младост“ и „Пролет“ ќе прикачуваат едукативно – рекреативни содржини, за децата од две до шест години.
Содржините ќе можат да ги отвораат родителите на децата, кои лесно можат да се гледаат во домашни услови. Дел од содржините ќе бидат прикачени на платформата Google drive, но и на веб страните на градинките.
Примарната цел на локалната самоуправа е да им се понудат едукативни содржини на најмладите, во периодите додека седат дома и не посетуваат предучилишно образование, како резултат на Covid – 19 (коронавирус).
Воспитниот кадар на градинките од Карпош, исто така, е дел и од едукативната телевизиска програма која се емитува на Националниот радиодифузен сервис, а е наменета за децата кои посетуваат градинка.
Инаку, во десетте основни училишта во Карпош веќе една недела се применува е – настава, во деветите одделенија, но и во пониските класови.
Ги повикуваме учениците, наставниот и воспитниот кадар да се придржуваат до насоките за настава по електронски пат и одговорно да се исполнуваат задачите.