СРЕДБА СО МЛАДИ ВО ПРЕСРЕТ НА РЕСЕТИРАЊЕТО НА МЛАДИНСКИОТ СОВЕТ ВО КАРПОШ
- март 3, 2020
- 0
Ве известуваме дека денеска, 04.03.2020 година (среда), во кафе барoт „Форца“, на ул. „Лондонска“ бр.12А, Општина Карпош организира средба со млади, во пресрет на ресетирањето на Младинскиот совет, во согласност со новиот Закон за младинско учество и младински политики, кои ќе овозможи нивна поголема партиципација во решавање на локалните прашања и во процесот на одлучување.
Во 12:30 часот е предвидена изјава за медиуми на градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев.