РЕКОНСТРУИРАНИ СОБЛЕКУВАЛНИ И ТОАЛЕТИ ВО ООУ „Д.Х.ДИМОВ“ ВО ВЛАЕ
- февруари 17, 2020
- 0
Општина Карпош целосно ги обнови тоалетите и две соблекувални во основното училиште „Димо Хаџи Димов“ во Влае.
Станува збор за комплетна санација на машката и женската соблекувална и на санитарниот јазол, која опфати поставување на нови плочки, санитарија, како и бојадисување на просториите.
Примарната цел е да се овозможат подобри услови за престој и спортување на учениците од ООУ „Димо Хаџи Димов“.
Во ова училиште функционира и сензорната соба за ученици со попреченост, што е чекор плус во градењето на квалитетно и инклузивно основно образование.
Општина Карпош продолжува со реконструкции по основните училишта и во 2020 година. За ова намена се предвидени четири милиони денари од општинскиот Буџет.